Информации за осигурување
Според Регулативата 2019/947 на EASA сите воздухоплови без екипаж над 20 килограми мораат да се осигуруваат. (помалите тежини се оставени на регулирање на властите во секоја држава посебно) Според македонскиот „Закон за задолжително осигурување во сообраќајот" Член 47 – Осигурување од одговорност од штета:
- за штета што воздухоплов може да ја предизвика на трети лица при летање со крила за слободно летање и воздухоплови без екипаж со максимална маса при полетување (MTOM) од 0.5 кг до 5 кг, или кои летаат со максимална брзина поголема од 19 m/s изнесува 5000 СПВ во денарска противвредност по курсот на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата;
- за штета што воздухоплов може да ја предизвика на трети лица при летање со воздухоплови без екипаж со максимална маса при полетување (MTOM) од 5 кг до 20 кг изнесува 8000 СПВ во денарска противвредност по курсот на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата и
- за штета што воздухоплов може да ја предизвика на трети лица при летање со воздухоплови со максимална маса при полетување (MTOM) од 21 кг до 500 кг изнесува 500.000 СПВ во денарска противвредност по курсот на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.